Извадоци III:
Во сите современи турски хроники кралството на Георгија Кастриот не било нарекувано и именувано како Албанија или како Шипнија, туку како Јованова земја или Иванова земја, како Епирско, односно Македонско кралство и како Искендерија-Александрија, со што се демантираат тезите и шпекулациите за некаков гего-тоскански карактер на државата на Георгија Кастриот. (страна 387)
Во продолжение ќе ги постираме сите турски документи кои ги искористил господинот Поповски во неговото дело, за да видиме, колку тие Турски хроники го имплицираат името Македонија.
“Хиџр 836”(1432 година по наше сметање) Повторно Султан Мурат војуваше. Отиде во Едрене. Потоа повторно отиде во Арванитскиот ВИЛАЕТ, го освои градот Светиград, а земјата Арванитска ја опљачка и опустоши. (страна 288 и 289, фуснота 171, Tevahir-i-al-i’Osman, Mufassol, Istanbul, 1927)
“Хиџр 836(1433 година по наше сметање) султан Мурат се задржа во Едрене. Неговиот беглербег, Синан-бег, ја собра РУМЕЛИСКАТА ВОЈСКА, па заедно со јаканџиите пристигна во земјата ЈОВАНОВА(Јуван Или). Негова претходница беа покраинските бегови: Исак-бег, Турахан-бег, и сонот на Евренос-Бег, Али-бег. Ја пленија Јувановата земја и ја ограбија и ја опустошија. Сите мажи што паднаа во плен во селата и градовите, ги поведоа под сабја а жените и децата ги одведоа во ропство. Наполно ја зазедоа Јанина и Канина, па победниците на чело со падишахот, заедно со пленот се вратија во Едрене.” (страна289 и 290, фуснота 172, , Tevahir-i-al-i’Osman, Mufassol, Istanbul, 1927)
Господарот на Арванија по име Александар (Iskender) имаше пријатна надворешност, чиј поглед предизвикува човек да се вљуби во него а неговото лице беше невидена убавина и красота. (страна 312, фуснота 6, Tog-ut-Tevahir)
Турските восјки во походот за освојување на на балканските народи “не сретнале толку убав свет како во Епир и Арванија” (оригинал: Epiro-Arbanos guzelliri) – (страна 313, фуснота 8, Tog-ut-Tevahir)
“Во рацете на борците за вера паднаа од овој Епиро-Арбанашки народ мажи, жени со извонреден изглед и лице со неспоредлива убавина. Секоја газија си зеде во прегратка по една за срцето драга убавица со самовилски изглед” (страна 313, фусноти 10 и 11, Hosa Sad-ed-in, Tac-ut-tevahir I, Istanbul, 1279, 358)
“Александар (се мисли на Георгија Кастриот, оригинал Iskender), ги затвори сите проодни места(во оригинал: Iskender bendeneri sedd idud), излезните патишта ги попречи со бедеми, како Александар Велики(во оригинал: Seddi-i Iskender gibi)” (страна 475. фуснота 77, D-r Fr. Babinger, Krodia effendi… 361)
“Хиџр 835(1432), светот потона во мрак. По денот ѕвездите се гледаа. Синот на Евренос, Али бег ја нападна земјата Арванитска. Немаше среќа. Али бег претрпе пораз...” (Страна 475, фуснота 79, Tavahir-i-al-i’Osman, Muffasal….115)
“Султан Мурат во 853 година по Хиџр (1450 по наше сметање), презеде воен поход против Јовановите земји. Го плени арванитскиот вилает. Нападна на Кроја, (оригинал Akce Hisar), но не можеше да ја освои, туку се врати назад во Одрини таму се задржа до хиџр 854 (1451 година по наше сметање)” (страна 534, фуснота 219, D-r Fr. Babinger, Tevahirih-i-Al-i’Osman….)
“Хиџр 853, Мурат тргна во војна против АРБАНАСИТЕ. Со топови ја толчеа Кроја (Akce Hisar). Ја срамни со земјата. Мислеше дека ќе му дадат заложници, но не му дадоа. Набргу дојде зимата. Беговите му предложија да изврши уште еден јуриш на градот. Султан Мурат рече: “Ако извршиме јуриш, ќе ни изгинат многу луѓе, а јас пак за десет такви градови не давам ниту еден јунак..!” Таа тврдија ја остави и се крена и си отиде...!” (страна 535, фуснота 220, -r Fr. Babinger, Tevahirih-i-Al-i’Osman….)
Средовековен турски хроничар Дурсун-бег (Dursun Bey) опишува вака: “Кроја е потврд град од Скадар... Султан Мурат Бог да го прости, шест месеци го држеше во опсада, па кога најпосле виде дека неговото освојување е неможно, без нов јуриш, го напушти и си отиде...!”
На обновениот град му било дадено името Елбасан (Eli-ba-San), што значи цврст удар, цврста рака која царува, која притиска, односно цврста тупаница. Еве како популарниот турски хроничар, современик на Мехмед II, Dursun beg, го опишува овој настан: “Хиџр 870 (1465 по наше сметање), Коњско поле, е папокот на земјата александриска. Беше издадена наредба да се подигне неосвоива тврдина. Веднаш надлежните помошници на честитиот цар поставија темел на еден стар град во четвртаста форма. И за кратко време градот беше изграден. Тоа беше град кој од облаците не се распознавање. Не можеше да знаеш дали кулата му е облак или негов бедем... На неверниците, на тој лит горни крај ова Поле им е неопходно потребно. Покрај изобилството на вода, подесно е за земјоделството, а инаку е многу пријатно место... Градот му беше придаден на Охридскиот санџак... Во него набргу почнаа да се населуваат муслимани. Воените стратези го нарекоа Елбасан...!” (страна 626, фуснота 201, Dursun beg – Tevahir-i-Ebu-i-fetih, Istanbul, 1914, 133)
Во хрониката на Dervis Ahmed Asiki, пак се вели: “Хиџр 870. Султанот исламски изгради еден град среде земјата Арванитска и му го даде името Елбасан, каде што се сместија газиите” (страна 626, фуснота 202, Asik pasa zade Tarihi, Istanbul, (хиџр) 1333, 169)
Хиџр 870 пак Султан Мехмед појде во војна против Арванитите. Ја зазеде Јовановата земја. Тој поход испадна како голема војна. Толку многу имаше плен, што тешко да се опише.... Потоа во пределот Позоршек подигна еден град. Му го нареди името Елбасан... (страна 626, фуснота 203, Tevahir osman)
“Во пролетта (по Хиџр) 870, кога славејот во густото зеленило убаво пееше, во слава на животворителот на земјата, објавена е намера за борба противАрванитите. Весело секој борец за верата ја опаша сабјата. Знамињата на кои беа испишани изреки од Куранот на Одрин, се вивнаа на небото. Кога шаторот на султанот фрли сенка на полето на градот Битола, од сите страни почна да доаѓа победоносна војска. Како што големите реки се вливаат кон морето, така и таа се приклучи на царската ордија и како морски бранови се брануваа и борејќи се почна да тече кон арванитската земја. Секој од тие јунаци вреди за илјада... во ишите на неверниците веќе предизвикуваа страв. Многу од нив се забарикадираа во планините и во длабоките долини.... Но, за нашата султанова војска секоа непристапно брдо и секоја долина, ќе биде како рамнина.
Секој шатор беше исполнет со запленети предмети. Беше издадена наредба – сите зрели мажи, да се предадат во беглук. Затоа на секоја станица патем беа доведувани поворки оковани со синџири пред победоносниот султан. Младо и старо. Сите тие беа подведени под сабја и исечени. Ожеднетите души на овие луѓе беа напојувани со вино од наквасениот меч. Имаше станици на кои по три, четири, па и по седум илјади неверници му беа предавани на законскиот меч. Длабоките долини беа исполнети со мртви тела и тие изгледаа како брегови. Простираните полиња од крвта беа претворени во реката Амудација.” (страна 635, фуснота 225, Dursun Beg- Tevarih-i-Ebu-l-fetih, Istanbul, 1914,133)
“Хиџр 870, Мехмед отиде во војна против Јовановата земја, палејќи и рушејќи. Под сабја поведе и исече 7,500 неверници...”(страна 635, фуснота 226, , Dursun Beg- Tevarih-i-Ebu-l-fetih, Istanbul, 1914)
Турскиот хроничар од XV век, Orus Adilovic пренесува: “Хиџр 871 (1466 година по наше сметање), Повторно Султан Мехмед тргна против Јовановата земја. Затоа што се беа одметнале, нареди во таа земја да се пали и разурнува...!” (страна 656, фуснота 274, Orus Adilovic- Tevahir-i-al-i’Osman….39)
“Хиџр 872 (1467 година по наше сметање), Против Александрија (Искендерија оригинал), султан Мехмед го испрати својот беглербег Сулејман-паша кој е негов слуга. Беше водена голема борба. Со топови едниот дел од александрискиот град беше разрушен. Во градот загинаа многу неверници, но градот не можеше да се заземе. Сулејман-паша не можеше да ја освои Александрија (Искендерија оригинал). Го напушти и отиде против Карабодански...” (страна 661, фуснота 290, Tevahir-i-al-i-Osman, Muffasal…115)
На повеќе места анонмната турска хроника: Tag-ut-Tevahir, Георгија Кастриот се именува како Александар, односно како Искендер. На едно место се вели: “...Царот средиштето на светот, испрати неброена војска против Арбанасите односно против господарот на Арбанасите Искендер-Александар”. (страна 752, фуснота 198, Tag-ut-Tevahir)
“...Владетелот (султан Мура II), беше информиран дека лошиот и злобниот Александар (Искендер), се почуствува засрамен, бидејќи се обврзал да плаќа арач, поради што се активира против нашите сили, и покрај другите злосторства ја опколи и новоизградената тврдина Елбасан”, премолчувајќи го катастрофалниот пораз што турската армија го претрпела кај овој град. “Потоа, со цел овој тиранин да биде фатен и казнет, повторно истата година, заедно со воените сили(Мурат II) пристигна во Арванија. Вилаетот со кој располагаше Александар (Искендер), им се довери на двајцата негови приврзаници. Но тиранинот (Скендербеј), не им падна в’раце. Долго време се криеше во високите планини...” (страна 754, фуснота 204, Mehmed hasan beg oglu – Salak zade, Istanbul, 1928, 37)
“Мислејќи дека ќе ги истреби епирско-арванитските неверници, падишахот Гази Мехмед Хан презеде ефикасни мерки... Во пролетта 871 (1446 по наше сметање) година навлезе во Епиратските земји. Оние кои не се покоруваа, беа врзани со синџири беа отстранети знамињата на нивниот деспотизам и беше совладан нивниот вилает. Сердарите беа изложени на смртни казни. Потоа владетелот на секаде испрати акинџии. Беа заробени безброј робови и робинки... По ова падишахот со собраниот огромен плен, се упати кон Одрин” (страна 755, фусноти 208 и 209, Tevah-i- Solak Zade, Istanbul, 1927…)
Имено, препишувачите (здавачите) на анонимната хроника Tevahirih-i-Al-i-‘Osman вака го опишува настанот околу освојувањето на Светиград од страна на Турците: “Хиџр 851(1447 по наше сметање) Султан Мурат хан отиде во војна против земјата Јованова... Го зазеде градот Коџаџик. Освои уште два други града. Ја опљачка Јовановата земја. Арнаутскиот господар Александар(Искендер) го изгони и му ја освои земјата Јованова.” (страна 761, фуснота 235, Tevahirih-i-Al-i-‘Osman ...., 70)
Во хрониката на Hosa Sad-ed-din, се вели: “Кога аканџиите продреа во Јовановата земја, обземени со желбата за плен, се раштркаа, а Александар (Искендер оригинал), ги затвори сите проодни места и излезните патишта ги попречи со бедеми (во оригинал: Iskender benderleri sedd edab) како Александар Велики (во оригинал: Sadd-i-Iskender-gibi)” (страна 734, фуснота 143, Хоса Саддудуин)
Оттаму, на многу во сите хроники во континуитет е нарекуван “господар Александар” како што бил нарекуван и трускиот суверен, на пример: “Арванитскиотгосподар Александар (оригинал Искендер) го изгони и му ја одзеде земјата...!; господарот на Епиреја, Александар така ја организира одбраната што царот реши да се повлече и да се врати во Одрин” или: “Арванитскиот господар Александар ја напушти земјата и отиде преку морето(Кај папата во рим за да бара материјална помош)”(страна 734, фусноти 143, 144, 145, Hosa Sad-ed-din…)
Јас никаде не видов МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ... Ако некој ја има книгата, и смета дека јас манипулирам и интерполирам, фалсификувам и лошо ги пренесувам, слободно нека напиши забешка, ја прифаќам однапред!
Оној што прави манипулации дури и со текстовите на турските хроничари е Петар Поповски, каде на крај ни истапува со чуден КАЛИМЕРИ стил, каде сите му се криви, почнувајќи од Срби, Хрвати, Бугари, Грци, Англо-Саксонци, па на крај и Турци, затоа што тие ги евидентирале Абанасите/Арванитите како Арнаути, а не како Арбанаси и Арванити! Што тука менува? Менува романтизмот на Поповски и инсинктот за грабање, и крадење се што е старо, убаво, квалитетно. Еве што ни соопштува господинот Шарлатан:
При преведување и препиѓување на старите оригинални дела, списи и хроники, кои се третира биографијата на Георгија Кастриот, видовме какви се фалсификати се правени врз оригиналните текстови од страна на издавачите на западноевропската историографија. За жал, тоа го направија и турските издавачи. Имено, веќењ во вторите изданија на оригиналните авторски дела и во анонимните турски хроники е направен невиден фалсификат. Секаде каде што стојат термините Арбанија, Арванитски вилает, Арванитска земја, Арванити, Арбанаси, Искендер и слично, среќаваме термини со несоодветна замена, прилагодена на новите состојби на таа територија, кои во тој случај не соодвествуваат со вистината, со содржинбата на оригиналните дела. Тие термини сега се јавуваат под формата: Албанија, односно Арнаутлук, Арнаутски вилает, Арнаутска земја, Арнаути, Скендербег и слично, со што е извршено своевидно сквернавење на оригиналните дела.(страна 759)
Но каде господине Поповски се оригиналните дела каде место Арнаути, пишува Арванити и Македонци ? Постојат ли такви, или само се фантазмагорија ваша, пред очите, и трошка надеж дека некогаш ќе постојат и ќе ви ја засладат душата.
Што ни кажуваат Турските енциклопедии во врска со божемните разлики меѓу Арванит и Арнавут ?
The Illyrian origin of the Albanian people is generally admitted, but their ethnic relationships to the Thracians, Epirots and the Pelasgians are still subject to argument. The Illyrian tribes first came into contact with Greek culture, through the Greek colonies founded on the Albanian coastland, in the 7th century B.C. The principal one was Epidamnos near Durazzo (Durrës). The lllyrians formed their first independent political organization in the third century B.C. Conquered by the Romans in 167 B.C., they were subject to strong Roman influence for centuries. The Roman highway to the Orient, Via Egnatia, started at Dyrrachium (Durrës) and followed the Shkumbi valley. Ptolemy mentions, for the first time, the Albanoi among Illyrian tribes and their capital Albanópolis (near Croya). In the 7th century the invasion of Albania by the Slavs put an end to the romanisation of the Albanians who retired to the mountains in north Albania to live a pastoral life for half a millennium. In the 9th and 10th centuries the Bulgarian empire extended its rule over southern Albania, including Dyrrachium (Greek Dyrrachion), and toward the end of the 12th century the Serbs under Nemanja occupied northern Albania. The long coexistence with the agriculturist Slavs left a deep cultural imprint on the Albanian people. Finally, .emperor Basil II restored Byzantine rule in southern Albania, and conquered Dyrrachion (1005) which had been the capital of the Byzantine thema of Dyrrachion since the 9th century. When toward the middle of the 11th century the control of Byzantium was weakened in the provinces the Albanians came out from their mountain retreats. From this time on, the Albanians, who were then, located between the lines of Skodra (Shkodër)-Dyrrachion and Ohrida-Prizren, are seen to be mentioned more by the contemporary sources, ’Albanoi or ’Arbanítai in Greek, Arbanenses or Albanenses in Latin and Arbanaci in Slavic sources. The Ottomans first used the Greek form Arvanid and then its turcisised version Arnavud and Arnawut.
Целосниот документ: http://www.iiu.edu.my/deed/quran/albanian/arnautlluk.htm
No comments:
Post a Comment