Sunday, January 10, 2010

анти Лаги (III)

Извадоци IV:

Развиени словенски кнежевства во Арванија... Се истакнува податокот дека кој и да отишол во домот на Кастриотите, од секогаш се зборувало на слоивенски, мијачки говорен јазик. (страна 254, фуснота 89, Селиштев)

Во домот на Кастриотите: “Во нивнито дом од секогаш се зборувало Словенски јазик, Мијачко наречје (фуснота 286 А.М.Селиштев, страна 90)

Јас предлагам господине Поповски, да погледнеме што кажал Селиштев, за да знаеме, дали тука овој ваш Claim има основа или како и обично лажете.

Селиштев кажа вака:

Если не ранае, то уже в ХИВ-м веке несомненно албанцы со своими стадами заходили в Полог. Об этом свидетельствует хрисовул Стефана Душана и Уроша тетовскому монастырю (см. выше). Были тогда и оседлые албанцы в Пологе, как показывает албанское имя "Прогон" одного из жителей Тетова (описание имения тетов. м-ря, ЏИВ в., см. выше). В 80-х г. г. Х1У-го в. Полог находился в связи с владетелями албанской области Мати. Иван Кастриот женился на Воисаве, дочери положского боярина-славянина. В доме Кастриотов славянский язык был в таком же употреблении, как иалбанский (см. ниже, во 2-ой главе). В ХВ-м в. упомянут в одном турецком вакуфе сын албанца Гьина, имевший виноградник у положского села Крпино.

http://promacedonia.com/seli_sna/selish_1.html и http://nevistini.blog.com.mk/node/256607

И на друго место:

Позднее наибольшее значение по лучил в письменности славянски язык. Андрей Топиа, по сообщению венецианцев (1434) имел только „сцлавос цанцелларіос ет сціентес асцлавіцам лінгуам ет літтерам." То же значение имел славянский язык при дворах Ивана Касгриота и Музаки. Воисава, жена Ивана Кастриота, была дочерью положского воеводы-славянина. В доме Кастриотов славянская речь была наравне с албанской. В своей канцелярии Кастриоты пользовались славянским языком.

http://promacedonia.com/seli_sna/selish_2b.html и http://nevistini.blog.com.mk/node/256607

За превод од руски јазик тука: http://translate.google.com

Да ја објасниме ситуацијата господине Поповски. Тука на двата фрагменти извадени(позајмени) од книгата на Селиштев, авторот упатува на тоа, дека во домот на Кастриотите се зборувал Славјански јазик, освен АЛБАНСКИОТ. Каде научиле Албански тие ? Зошто господине не го употребувате и без модификации импрегнирате Селиштев и останатите автори кои ги користите како извори, во таа оригинална изворна форма, како што стои по нинвите книги? Јас знам зошто! Затоа што се шарлатан, незнајко, и човек кој тенденциозно и намерно сака нешто да го изобличи, да му даде погрешна и друга форма, така манипулирајќи не само со себеси и своите убедувања, туку и со уведувања на други душички како вашата. Ни мијачко наречје, ни црни камења!

Во тоа ематско, македонско гратче, полно со занаетчии, еснафи и земјоделци, сопругата на кнезот Иван Кастриот, ќерка на македонскиот власетлин ГЕРАСИМ, по потекло од Градец, Тетовско... (страна 311, фуснота 1, А.М.Селиштев Славјанско население во Албанија)

Со етничкото потекло на првиот албански кнез, принц, а подоцна и крал, се занимавале неколку дискутанти на научниот собир во МАНУ. Но, истражувачотБобан Петровски се фокусирал на потеклото на Скендербеговата мајка. Тој наведува дека во делото Генеалогија на Јован Музаки (главешина на еден од главните албански кланови, соборец на Кастриот), мајката на великиот ритер е ословена со “Воисава Трибалда”. Нејзиното родовско стебло е толку комплицирано, што ако влеземе во разгрнување на гранките, ќе се изгубиме и ние и вие. Само ќе напоменеме дека, според најважниот биограф на Скендербег и негов современик Марин Барлети (чие дело Животот на епирскиот принц Георгиус Кастриоти не е преведено само во Македонија), Воисава “била ќерка на еден од највидните Трибалски првенци, кој бил господар на Полог”. Оваа одредница ги мотивирала српските историчари да ја сместат Воисава во родословните таблици на српските династииНемањиќ, Мрњавчевиќ и Бранковиќ. Имено, во последната деценија на ЏИВ век со Полог управувал некој си Гргур, за кого се смета дека бил поставен од Волкашин, татко на Крали Марко. Меѓутоа, се занемарува фактот дека и Воисава и нејзиниот родител, а Скендербегов дедо, се именувани со етнонимот Трибали. А, познато е дека Трибалите се старобалканско племе кое живеело на овие простори пред доселувањето на Словените и дека се далечни предци на Власите.

http://nevistini.blog.com.mk/node/252796

Исто Бобан Петровски ни пренесува во друго мини-истражување:

Дали Ѓерѓ Кастриот Скендер-бег е само албански херој или, пак, него за свој можат да го сметаат и други балкански народи. Колку Македонците и другите Словени доселени на Балканот имаат допирни точки со него? Дали и тие учествувале во епските битки и победи против османлиската војска што се воделе и на македонските простори? Дали во неговите вени течела само албанска или и словенска крв?
За историчарите нема никакво сомнение дека мајката на Скендер-бег, Воисава, била Словенка. Таа потекнувала од властелинско семејство од Полог, но науката досега не утврдила до крај кои се нејзините семејни корени. Бобан Петровски, кој се обидува да ја одгатне оваа тајна, вели дека генеолошкото стебло на Скендер-бег по мајчина линија завршувало само со податокот за нејзиното лично име и на места со општа определница за нејзиното словенско потекло.
„Податоци за Воисава се содржат во два извора. Јован/Иван Музаки, современик и соборец на Скендер-бег и добар познавач на благородниците од Албанија, во својата ’Генеалогија’ на три места ја споменува Скендербеговата мајка. Најпрво, кога зборува за таткото на Скендер-бег, вели дека Иван Кастриот со Воисава Трибалда имал четири машки и пет женски деца. Потоа, во друг дел во своето дело наведува дека мајката на Скендер-бег и жена на Иван се викала Воислава Трибалда. Најпосле, на местото каде што наведува дека Скендер-бег потекнува од Воисава и Иван наведува дека била од угледно семејство. Вториот извор каде што има спомен за Воисава е делото на Марин Барлети, биографот на Скендер-бег, кој информирајќи за родителите на славниот борец против османлиите, ја именува само како Воисава“, пишува Петровски.

Истовремено, тој подвлекува дека и од двата извора можело да се види дека таа има благородничко потекло, а Барлети во биографијата на Скендер-бег забележува дека била ќерка на еден од највидните трибалски првенци на Полог. Петровски како нејзин татко го идентификува полошкиот благородник Гргур, за кого во историографијата постоеле два различни става – едниот дека станува збор за непозната историска личност и другиот дека тој бил син на тогашниот господар на Охрид , Бранко Младеновиќ, чии синови Гргур и Вук под притисок на Волкашин го напуштиле градот. Тогаш постариот Гргур како компензација го добил на управување Полог.

Според Петровски, и во двата случаја - било да се работи за непознатиот благородник Гргур или, пак, за Гргур Бранковиќ, во изворите било зачувано изворно известие дека венчаната сопругата на Гргур се викала Тодора, која му била невенчана сопруга на кралот Марко.

- И сега што испадна? Испадна дека и тука не излагавте господине! Од каде го извадивте Герасим? Да не ви се сони? Или само желби, како што е и цела ваша книга! Пусти желби, неостварени во минатото, креираат слики и копнежи во очите на имагинаторот (вас), и горат од желба за нивна реализација. Но минатото не се менува господине Поповски! Нема човекот таква алатка во раце, да може да ги промени контурите на минатото! Иако во врска со потеклото на таткото на Воисава има многу за да се зборува, ќе останеме на ова ниво, доволно да ве побијам јас вас. Нека биде Словен, но нема да биде Герасим, затоа што тоа знаете да го произведете, само со една мала дрска дефекација ваша кое предизвикува едно мало симболично задоволство. Ништо страшно. Фејк сте во секој случај.

Нарекувајќи ги Албанци и старите албанци и Тоските и Гегите... Вакви ГРЕШКИ правел не само МАКУШЕВ, туку и некои руски историчари, како Селиштев, Јатребов, Арш, Сенкевич, Смирнова и други. (страна 770)

Кој парадокс господине Поповски! Последниот пасус, се коси во целост со првите пасуси и фрагменти. Сега испаѓа дека се откажувате од овие автори, после вршењето на "валканата" работа. Тие ви ја "завршија" работата, а вие на крај плукате по нив, како да се аматери. А видете и наредниот пасус е сличен на првите:

МАКУШЕВ И МИКЛОСИЧ соопштуваат дека во Арванитските земји силен бил словенскиот елемент (страна 72, фуснота 209)

И сега сакате да кажете дека Макушев и Миклосич биле будали? Особено оној првиот ? Нели оној е оној кој зборува за Арванитските слоивенски корени ? Нели тој ви е главен извор за панславизмот во тие простори! Нели тој ја гради теоријата на засекогашниот словенски елемент во Арванија/Арбанија (албанија) ? Или на крај и тој се премислил ? Тогаш како цело време сигурно го земате како најдобар и професионалец, а на крај испаѓа дека и тој едноставно подлегнал на вистината и морал да ја исфрли од себе! Вие сте срам за историската наука бре господине Поповски! Ако ова некогаш стигне до вас, ве молам, приметего како најдобар комплимент. Можам да се изразам полошо од ова!


suflaj004-2.jpg (432×634)suflaj004-3.jpg (446×636)

Што ни кажува ова? Дека "муабетите" на Поповски во неговата книга, дека Кастриотите контактирале со светот само на Слоивенски јазик, е лага, и тука гледаме како Шуфлај врз база на документи пронајдени по архиви ни пренесува дека Кастриот контактирал и на јазикот на Грците. Паѓаат прикаските и митовите склепани од Коста Жунгуловски и Петар Поповски за Мијачкиот јазик и наречје во домот на Кастриотите и во нивните институционални рапорти. Прикаски, а со прикаски историја не се прави.

Населението од просторите на Арванија, “зборувале на ист словенски јазик”... (страна 678, фуснота 332)

И оваа лага не се голта лесно, и затоа јас сега ќе ви презентирам изворен документ од 14 век, кој зборува за Албанскиот јазик:

print.jpg (580×622)

print1.jpg (586×591)

http://www.albanianhistory.net/texts15/AH1308.html

Да ви преведам господине Поповски? Документ од 1308 година, кој сведочи за некакви Арбани (во документот преведени како Албанци, секако таа е логиката не се лутете), кои на крајот од документот сепак тие Арбани не го зборувале и имале различен јазик од ЛАТИНИТЕ, ГРЦИТЕ, и СЛОВЕНИТЕ опишани како Славс, со сина боја болдирана именка. Сакате уште еден документ за јазикот во Арбанија и Епир? Ќе ви дадам, држетего:

print00.jpg (617×558)
print100.jpg (618×619)
Значи и тука имаме фијаско одговор за вас господине Поповски. Албанците ВАРВАРИ, а Варварите различни од Словените. Различен е и јазикот од јазикот кој се зборувал во Царството на Рашка! Оп! Различен од Словенскиот јазик? Да да, баш од него! Како тогаш господинот Поповски, маневрира толку глупаво! Не знаеме, сигурно глупавоста не никнува сама по себе.
Јас мислам дека е доволно, за здрав човек да го разбере сето ова! Јазикот на Арбаните ни малку не бил Словенски-Македонски. А за тоа ни говори и Шуфлај.
SrbiiArbanasi21.jpg (425×670)
Значи, во 1285 година, за прв пат е евидентиран овој јазик, како различен јазик. А прв што собрал зборови од овој јазик е Арнолд вон Харф.
Ај да видиме колку ќе го знаете овој јазик, вие господине Поповски како припадник на таа јазична и етничка групација, СЛОВЕНИ. Да видиме, како Арбанасите говореле Словенски во 15 век во 1497 година. Речникот на Арнолд Вон Харф тука:
Image
http://www.albanianhistory.net/texts15/AH1497.html
Јас предлагам, да викнеме некој Мијак, и да ни преведи, тоа што го напишал Арнолд вон Харф.

No comments:

Post a Comment