Sunday, January 10, 2010

анти Лаги (IV)

Извадоци V:

Она што е вистинито, не манипулирано, и со желба на Поповски, ставено во контекст кој што нему му одговара.

Извадоци:

Georges Paschymere (страна 54; 146, 147 и 148 фуснота):

"Ги нарекува Арбаните/Арваните Илири. На неколку места зборува за Илирите (арванитите)... Во описот на задачите и должностите, кои Михајло XIII Палеолог (1262 год.) “им ги доверил на своите браќа”, вели дека Деспот Јован ги испратил на запад, давајќи му “источни трупи и одред составен од Скити”. Со таа војска, всушност требало да ја нападне областа на Илирите и Трибалите и преку реката Пенеј да премине во Грција за да го нападне деспот Михајло II Ангел."

Nikifor Grigora (страна 60; 163 фуснота)

“царот влегол во земјата на Илирите”, дека “многу заробил... ги опустошил Илирите” и дека “со себе однесол голем плен.”

Потврда на ова, Анонимен опис на Европа од 1308 година во кој се вели дека Арванитите, односно “Илирите во најголем дел биле Номади кои немале свои градови и тврдини, туку со својот добиток се селеле од место во место” (страна 61 фуснота 165) – извор: Anonymi Descriptiop Europae Prientalis, ed. O. Gorka, Cracoviae

Цар Иван Асен за Арабанасите... (страна 73) "Во црквата св.Четириесет Маченици во градот Трново Бугарија, соопштува дека во 1230 година ја покорил Арбанија."

Kарл Топија се нарекува КРАЛ НА РАБ’НИТЕ, “Арбанаски Господин” страна 79 натписот го има во манастирот св.Јован Владимир кај коњух Елбасан

Иван Кастриот, повелби за св.Ѓорѓи во Хилендар, му го завештува селото Ростуша и манастирот св.Богородица и со метохот село Требиште, Дебарско, а со втората ја купува црквата св.Ѓорѓи во Хилендар со цел имот за 60 флоринти, во историските записи познат како “Арбанашки Пирг”. (Страна 90 и 91 фуснота 288)

Доказ за тоа, било тоа што цар Стефан Душан откако ја освоил територијата на Арванија/Арбанија, Епир и Акарнанија, бил наречен “Цар на Арбанасите”. (страна 158)

Во 1632 година хроничарот Mrnavitus (Иван Томко Мрнавиќ), запишал дека: “кнез Иван, татко на Георгија Кастриот, ја имал во своја власт речиси цела Арванија и во неа градовите, Кроја, Леска, Белград, Светиград” (страна 260, фуснота 109)

Такви познати феудални родовски имиња биле: “Музаките, Шпатите, Топиите, Кастриотите и Дукљаните”, најмоќна од сите нив во секој поглед била кнежевската династија на Кастриотите. (страна 281, фуснота 153)

И денес во внатрешноста, во нартекстот на Соборната црка во Хилендар, на севернот ѕид, сосема долу во црквата, се наоѓа една пространа полуктужна ниша која обележува еден гроб. На нишата на средина е насликана св.Богородица, која го држи Христа во рацете. Под неа се наоѓа еден натпис од кој се гледа дека тука почива македонскиот кнез, забележан како “дукс Илирски-Репош сон на кнезот Иван Кастриот” (страна 293, фуснота 183)

Историчарот Hammer, е во право кога вели дека Георгија Кастриот бил поголем од Илирскиот цар Гентиј, бидејќи со својата смрт ја избегнал судбината да биде победен. (страна 304, фуснота 200, Joseph von hammer-Historia…)

Мојсо Арианит Големи, управител на Светиград во реонот на Горни Дебар (горна краина, горна дебарска жупа)... (страна 453, фуснота 14)

Поразот на Георгија и загубата на Бера(Белград)... Имено во борбата за освојување на градот турската страна ангажира војска од над 20 000 војници и артилериска единица со три големи топови од по 400 литри. Загубите биле големи и ненадоместливи. На обете страни загинале помеѓу 5000 и 6000 војнцици. Овој подвиг на турците предизвикал гнев кај Георгија Кастриот и тој превзел неколку борбени акции со цел да го врати градот под свое владеење. (страна 470 и 471, фусноти 63 и 64)

Пораз на Скендербеј и на 26 Јули 1455 година. Во градот Белград(берат), Иван Музак(Ѓон Музака) и Ѓорѓе Топија(Ѓерѓ Топија), двајца главни команданти на Кастриот и блиски соработници, се заробени... (страна 557, фусноти 274, 275 и 276)

Во меѓувреме Алфонс V на Георгија му испатил неколку бродови со храна, претежно со жито, со цел да се ублажат последиците од поразот, меѓутоа бродовите се запленети од страна на венецијанските поморски власти, и тие не дошле до своето одредиште. (страна 560)

Во пресврт на овој турски, популарен војсководец, со својата единица тргнал Захариј Гропа, популарен племиќ од лозата на Музаките, кој се одликувал со голема храброст и јунаштво. (страна 567, фуснота 300)

... Сонцето кое го огреваше Александар во борбите против Асиј, и Јулиј Цезар во равна Тесалија и на великиот Помпеј, кој не се зачуди толку многу како сега, гледајќи го кралот Кастриот со 12.000 војници, пред кого бегаат исплашени 50.000 војници на Балабан и Јакуп-паша, оставајќи зад себе 22,000 мртви труски војници. Огромно количество злато, сребро и благородни камења му припадна на кралот на Епир, но тој за себе ја задржа само славата... (страна 619, фуснота 183, Joseph Von Hammer, Historija…. 200)

Своето победоносно оружје тој не го однесол освојувајќи, како Пир, до срцето на непријателското царство, но сепак бил поголем од Гентиј, бидејќи ја избегнал судбината да биде победен. Во него имало храброст, како и кај оние двајца кралеви негови предци, кои Илирската кралица Теута, убивајќи ги пратениците и спалувајќи ги римските галии, ги предизвикала Римјаните на прва војна со Илирите. (страна 667, фуснота 300, Пјер Кабан – За илирите од Бардилис до Гентиј)

Останатите документи кои не се компромитирани и контаминирани од страна на Поповски, ќе се употребат против него, во понатамошните постови. Овие документи, перцепирани, во една изолирана форма, ни кажуваат за нивната автентичност и оригиналност, а во книгата се во контекстот дека Арванитите/Арбанитите се Македонци и Словени, нешто што во претходните теми се разглаба подобро, а во иднина уште подобро ќе се документира разликата меѓу Словените и Арбанасите(Илирите).

No comments:

Post a Comment